Полска итно подигна борбени авиони поради руската авијација со долг дострел

15

Полска и нејзините сојузници ги подигнаа авиони поради активност на руската авијација со долг дострел, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.

„Ве известуваме дека во тек е интензивната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација. Предупредуваме дека е активирана полската и сојузничката авијација, што може да доведе до зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“ наведе командата на X (поранешен Твитер).

Претходно, Генералштабот на полската војска ги ставија во состојба на готовност воените авиони по забележаната активност на руската авијација со долг дострел.