Помпео кажа дека објавувањето на книгата на Болтон е државен удар врз САД

Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео го спореди Џон Болтон, поранешниот близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп кој за него напиша контроверзна книга, со Едвард Сноуден, поранешниот вработен на разузнавачките служби обвинет за шпионажа.

16

„Искрено, многу ризикува да биде кривично гонет со објавувањето на тие информации“, предупреди американскиот државен секретар за Фокс њуз пред објавувањето на книгата „Собата каде што сѐ се случи“, која всушност е хроника на 17-те месеци кои Болтон ги мина во Белата куќа.

 

„Сите видовме што се случува кога луѓето ќе почнат да објавуваат доверливи информации, како Едвард Сноуден. Тоа што Џон Болтон го прави не е далеку од тоа“, додаде Помпео.

 

„И иако одлуката за правно дејство треба да дојде од министерството за правосудство, објавувањето вакви информации претставува закана и удар врз САД“, предупреди американскиот државен секретар.

 

Едвард Сноуден е „свиркач“ и поранешен соработник на ЦИА и НСА кој пребегна во Русија во 2013 година кога откри дека САД вршеле масовен надзор и прислушување на своите и странски државјани. По сето тоа против него беше почнат кривичен прогон за шпионажа.

 

Книгата на Џон Болтон не дава позитивна слика за Доналд Трамп кого го опишува како неспособен, невнимателен и опседнат со реизборот. Накратко, „неспособен за водење не првата сила во светот“.

 

Сепак, американската влада не успеа да го блокира објавувањето на книгата.