Пописот треба да го спроведеме и секој да си ја преземе одговорноста, порача Заев

13

Пописот треба да го спроведеме, тоа е статистичка операција и секој треба да си ја преземе одговорноста, вели премиерот Зоран Заев.

– Има земји кои што го одложиле, но тие имаат последни податоци од пред 10 години. Ние имаме последни податоци од пред 20 години и навистина правиме грев пред граѓаните со сето тоа што е работење на јавните институции со нивните пари на непознати податоци. Треба да го споведеме пописот и апсолутно е јасно како операцијата се спроведува со анкетен прашалник, согласно протоколите, како што течат сите постапки. Можеме да го завршиме пописот. Тоа е статистичка операција и треба да си ја земеме одговорноста, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешната посета на „Скопје Ист Гејт“.

Тој појасни дека пописниот прашалник оваа година е олеснет не само кај нас, туку и во многу други земји.

– Сите податоци кои што ги имаме од базите не ги попишуваме, ги имаме. Тие што не ни се докомплетирани, ги попишуваме и ги споредуваме со базите. Но, има податоци кои што ги нема во ниедна база, како што е верска определба, етничка определба. Морате да го направите. Има сигурно и други податоци кои што се собираат директно, како што се членови на домаќинства, бројот на членови, на деца, образование и слично. Затоа пописот е намален во делот на прашалниците, за еден дел веќе имаме електронски податоци, а еден дел само го споредуваме, вели Заев.

За локалните избори изјави дека очекува успешно да бидат спорведени во октомври со земање на отпечаток на прст, но вели потребно е да се донесе Изборниот законик кој се носи со консензус, а кој треба да одговори на сите дилеми.

– Правиме се што можеме да направиме. Последната дилема е во ридско планински места ако е слаб интернетот и не може да се користи самата база дали се повторува гласањето или се овозможува на стариот начин да се гласа. Таа дилема треба да ја разрешат работните групи за нас е прифатливо како ќе одлучат сите се со цел да имаме договор со сите. Очекувам да имаме успешни избори во октомври со фингертип, отпечаток од прст. Тоа е заложбата на сите. Сум ја барал како опозиција, а сега опозицијата ја бара и ред е да ја дадеме а впшрочен ие и зголермување на довертбата на гра=аните во изборните резултати, изјави Заев.