Попис ќе има! За Заев тој живот значи

4

Пописот н на населението е предвиден да се одржи од 5 до 30 септември годинава, а иако до денеска едвај се присобраа попишувачи, премиерот Зоран Заев уверува дека и тоа е надминато.

– Пописот почнува на 5 септември. Само, ве молам дајте да бидеме сериозни. Попис има, мора и ќе има. После 20 години, сме држава, нација, што сме? Мора да има попис. Рековме, олеснет е пописот заради електронската база на податоци коишто ги имаме. Голем дел ќе бидат само испороверени – порача премиерот Заев, денеска, на почетокот на градежните работи .

Во однос на забелешките од здравствен аспект, поради зголемувањето на дневните бројки новозаразени со корона висур, Заев вели дека сите мерки се преземени.

– Обезбедени се комплетни мерки. Им благодарам на граѓаните што последните денови аплицираа и еве екипирани се комплетно попишувачите. Сѐ е подготвено за пописот. Драго ми е што покажавме капацитет за една ваква статистичка операција, која, верувајте, водам извршна власт, живот значи. Значи фер, значи рамноправност, значи еднаквост во распределбата на економските ресурси, еднаквост во правото на развој, во правото на рамноправен, квалитетен живот за граѓаните. Многу е важно оваа работа да ја спроведеме и еве сме, подготвени во предвечерието, на 5 септември ќе почне пописот, ќе заврши на 30-ти, соодветно време колку е потребно за да се сумираат податоците и ќе бидат објавени – рече Заев.

Последниот попис во Македонија е спроведен во 2002 година.