Поскапе зејтинот на „Брилијант“

2

Фабриката „Брилијант“ донела одлука да ја зголеми цената на маслото за јадење за 20 денари. Директорот на фабриката Коста Ташков изјави дека новата цена е резултат на покачувањето на суровината.

Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина, како што наведува Ташков за МИА, чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца цената се движела од 1.200 до 1.500 евра за тон.

Во однос на тоа дали ќе има повторно зголемување на цената, тој додава дека зависи од светските берзи, но во моментов, според Ташков, кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи.