Потврдено: Британскиот сој на коронавирсуот е во Македонија уште од декември

16

Во епидемиолошката анкета пациентот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката „Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46 -годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Институтот за јавно здравје, пациентот се води како оздравен од 22 јануари 2021 година.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест, кој бил со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавил на преглед во приватната болница „Жан Митрев“ каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот веднаш бил хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Лабараторијата во болницата „Жан Митрев“ со посебна ПЦР метода утврдила дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено и секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследиле до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.