Почина академик Георги Старделов

8

На 90-годишна возраст вчера почина академик Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука.

Погребот ќе се изврши утре на градските гробишта „Бутел” во Скопје

По повод смртта на академик Георги Старделов, Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје утре ќе одржат заедничка комеморативна седница, во 10 часот, преку видеоконференциска врска.