Почина актерот Мустафа Надаревиќ

14

Еден од најважните босански и регионални актери, Мустафа Надаревиќ, почина во Загреб на 77-годишна возраст, по долга борба со тешката болест, потврди директорот на Сараевскиот камерен театар 55, Емир Хаџихафизбеговиќ, за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Мустафа Надаревиќ се бореше со карциномот на белите дробови.

Веста за смртта на актерот ја пренесoa Јавниот сервис на Босна и Херцеговина и Хрватската радио телевизија.

„Денес во 12 часот еден голем човек и актер се пресели во подобар свет. Мојот пример и мојот брат. Моето глумечко алтер его, Мустафа Надаревиќ”, напиша Хаџихафизбеговиќ на својот Фејсбук профил.

Надаревиќ е роден во 1943 година во Бања Лука. Првите актерски чекори ги направи во театарската група „Виктор Цар Емин“. Завршил Академија за драмски уметности во Загреб, а театарската кариера ја започнал во Младинскиот театар во Загреб. Тој е добитник на бројни награди за режија, глума и работа во театар.

Надаревиќ беше најпознат како Изет Фазлиновиќ од култната серија „Луд, збунет, нормален“, јавуваат регионалните медиуми.