Почина оскаровецот Бранко Лустиг

3

На 88 годишна возраст почина хрватскиот продуцент и единствен хрватски добитник на Оскар, Бранко Лустиг.

Лустиг двата Оскари ги доби за филмовите „Шиндлеровата листа“ во 1993 година и за „Гладијатор“ во 2000 година.

Во својата богта филмска кариера Лустиг има освоено бројни награди и признанија како што се француското одликување Витез на уметноста и книжевноста и е во редот на 50 најдобри светски филмски продуценти на сите времиња.

Бранко Лустиг е роден 1932 година во Осијек. Поради неговото еврејско потекло во текот на Втората светска војна бил заробеник во озлогласените концентрациони логори Аушвиц и Берген Белсен.

Долги години работеше во Холивуд, каде соработуваше и во Академијата за филмски уметности и науки како член на Одборот за номинација.

Работел и на „Миротворец“ со Џорџ Клуни и Никол Кидман што во 1997 се снимаше и во Македонија, и на филмовите „Ханибал“, „Падот на црниот јастреб“, „Небесно царство“, „Добра година“ и „Американски гангстер“.

Пред шест години со сопругата се вратил да живее во Загреб.