Почина пациент од Кочани заразен од коронавирус

Почина едно лице од Кочани на клиниките во Скопје, потврди градоначалникот Николчо Илијев, кој изутрината бил информиран од семејството на починатиот.

24

Семејството, кое е во изолација, побарало помош од општината, бидејќи најблиските на починатиот не смеат да излегуваат од дома.

Минисерот Венко Филипче вчера информира дека почина едно лице од Куманово кое било детектирано како заболено од ковид-19 на 1 април. Тој почина во болницата „8 Септември“ во Скопје, а во текот на денот почина и маж од струшко Лабуништа на 63-годишна возраст, кој бил донесен со тешка клиничка слика на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а имал сериозни коморбидитети, информираше министерот за здравство на денешната прес-конференција.

На Инфективната клиника беа хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денеска заминуваат тројца пациенти, информираше министерот.