Почина Чедвик Боузман, познат како „Црниот пантер“ од рак

22

Американскиот актер Чадвик Босман, најпознат по улогата на „Црниот пантер“, почина на 43-годишна возраст од рак на дебелото црево со кој се борел долги четири години.

Чест беше во неговата кариера да го оживее Т’ака во „Црниот пантер“, истоимениот блокбастер на „Марвел“.

Талентираниот актер четири години во тајност ја водел битката со карциномот, кој веќе бил во четвртиот стадиум.

Веста за неговата смрт беше објавена на неговиот Твитер.

„Тој почина во својот дом, со семејството и сопругата. Семејството ви се заблагодарува за љубовта и молитвите и ве моли да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време“, стои во објавата на Твитер.

Колегите, обожавателите и бројни славни личности ширум светот се шокирани и изразуваат сочувство до неговото семејство.

Актерот во 2016 година дозна дека боледува од рак на дебелото црево и ги сними повеќето филмови што го направија ѕвезда помеѓу операцијата и хемотерапијата, пишува „Тајмс“.