Почнаа казните во Наполи, прв ќе плати Алан и тоа голема сума

6

Со недели веќе трае лошата атмосфера во Наполи и се чини дека нема да се смири се додека фудбалерите не ги добијат казните од претседателот Де Лаурентис.

Прв казнет е Алан поради неговата вербална расправија со синот на Аурелиот Де Лаурентис, Едо. Алан треба да плати 200.000 евра.

Иако членот 11 во колективниот договор на фудбалерите вели дека казната не може да биде повеќе од 25% од месечната плата на фудбалот. Алан ќе плати половина од месечните примања.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека казните на фудбалерите се различни, тие изнесуваат од 22.000 до 225.000 евра. На фудбалерите им била дадена листа за да можат да си подготват одбрани.

Фудбалерите на Наполи беа пратени во карантин на една недела поради слабите резултати, но тие на своја рака го прекинаа карантинот и се вратија во своите домови.

Наполи веќе шест меча не знае за победа, во последното коло одигра 1-1 на гостувањето кај Милан.