Почнаа протестите против одлуката на Кривичниот суд за случајот „Монструм“

25

Под мотото „Правда и слобода“ започна протестот против одлуката на Кривичниот суд за случајот „Монструм“. Демонстрантите се собраа во Чаир и го продолжуваат патот кон Судот, а потоа и кон Владата.

На протестот се придружија и членовите на семејството на Алмир Али, малото момче од Куманово, за чиј случај во понеделникот во Куманово протестираа и побараа повторно судење, обештетување и ослободување на тројца членови на семејството на Алмир.

Потсетувме дека во случајот „Монструм“ Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Хаки и Фејзи Азири беа осудени на девет, односно 15 години затвор. Кривичниот суд ги прогласи за виновни за тероризам и за помагање.

Случајот во јавноста познат како „Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година. На самото место беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.