Почнува новогодишната културно-уметничката програма во Делчево

8

Со концерт на Академскиот хор „Мирче Ацев“ утревечер во кино салата во Делчево почнува новогодишната културно-уметничката програма, информираше Даниела Такева од општината.

-На програмата се композиции од Мокрањац, Гајдов, Прокопиев и други автори, како и сплет песни од Тоше Проевски во аранжман на Д.Темков, под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска. Хорот годинава одбележува седум децении постоење и е своевиден подвижен музеј на македонската култура и традиција, рече Такева.

Taa посочи дека е отворена и изложбата „8 Мега-Ана“, каде првпат се изложени и дел од фосилите ископани кај Стамер. – Во соработка со делчевската библиотека следи новогодишниот саем на една од најбараните издавачки куќи „Сакам книги“, рече Такева.

Во рамки на програмата се предвидени и годишните концерти на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и КУД „Гоце Делчев“. Од општината најавија уште еден концерт за божиќните празници. вс/рп/