Почувствуван земјотрес во Дебар и околината, епицентарот во Албанија

6

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23 часот и 37 минути во југозападниот дел од земјава, во Дебар и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.