Појас Газа: Израел и палестински вооружени групи договорија прекин на огнот

0

Израел и палестинските вооружени групи во Појасот Газа рано утринава се договорија за прекин на огнот, соопштија двајца палестински официјални лица.

Договорот уследи по смртта на висок член на групата Исламски џихад во израелски затвор, што предизвика судири.

Реципрочниот и истовремен прекин на огнот стапи во сила во 03:30 часот по локално време и беше договорен со посреднички напори на претставници на Катар, Египет и Обединетите нации.