По две години судска борба: Северина доби старателство над синот Александар

5

По речиси две години пејачката Северина Вучковиќ повторно го врати старателството над синот Александар.

Пејачката сега ќе може рамноправно со Милан Поповиќ да учествува во воспитувањето и растењето на деветгодишниот син.

-Не можам да кажам за што се работи, но детето се врати дома. Вие први знаете, се уште не е објавено. Ви благодарам на сите за поддршката, изјавил Северина на својот концерт пред да ја испее песната „Родено мое“ која му ја посвети токму него.

Публиката веста ја дочека со овации.

Од правниот тим на пејачката потврдиле дека Северина повторно ќе биде со својот син. Како што објаснуваат, Александар две недели ќе живее со неа, а две со татко му, бизнисменот Поповиќ.

-Точно е дека момчето од сега ќе поминува исто денови како кај мајката, така и кај таткото, изјавил адвокатите на Северина.