По раст со децении, за прв пат намален очекуваниот животен век во ЕУ

9

Пандемијата КОВИД-19 го прекина долгорочниот раст на очекуваниот животен век, кој во повеќето земји-членки на ЕУ, според податоците за 2020 година, е пократок од претходната година, објави во средата Европската агенција за статистика – Евростат.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век при раѓање, во споредба со 2019 година, е забележано во Шпанија (1,6 години помалку), Бугарија (1,5 години помалку) и Литванија, Полска и Романија – 1,4 години помалку. Во Словенија просечниот животен век е скратен за една година, а во Хрватска за 0,8 години.

Од 30 земји опфатени со статистиката, само Норвешка, Данска и Финска се очекува да имаат подолг животен век од 0,3 години, односно 0,1 година.

Според податоците за 2020 година, во повеќето земји-членки на ЕУ, мажите се малку повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век отколку жените.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век кај мажите е забележано во Бугарија (-1.7 години), Латвија и Полска (-1.5 години) и Шпанија и Романија (-1.4 години).

Во ЕУ, очекуваниот животен век при раѓање постојано се зголемува во последните децении.

Според официјалната статистика, до 60-тите години на минатиот век тој растел во просек за повеќе од две години по деценија.

Сепак, неодамнешните податоци сугерираат дека очекуваното траење на животот се скратува во последните неколку години во неколку земји-членки.