По 16 години брак: Ана Винтур се разведува од милионерот

38

Британско-американската новинарка и уредничка на списанието „Вог“, Ана Винтур (70) стави крај на бракот со милионерот Шелби Брајан (74) по 16 години.
Имено, Ана, која во високото општество е позната како „модна мајка“, се омажи двапати во животот.

Прво беше во брак со Дејвид Шефер (84) од 1984 до 1999 година, со кого има две деца – ќерката Би (33) и синот Чарлс Шефер (35), а потоа во 2004 година повторно се омажи за згодниот Шелби.
Парот, кој некогаш беше нарекуван еден од најмоќните парови во светот, сега не се појавуваат никаде заедно, иако важеа за еден од похармоничните парови.

На црвениот тепих, тие секогаш беа беспрекорно облечени, ретко се држеа за раце и се смееја еден со друг, а Шелби секогаш изгледаше барем 15 години помладо, иако беше 4 години постар од Ана.