Празникот Јом Кипур, честитка од Џафери до еврејската заедница

6

Скопје,  9 октомври – Претседателот на Собранието, Талат Џафери во свое име и од име на на пратениците денеска упати честитка до членови на еврејската заедница во Република Северна Македонија по повод еврејскиот празник – Јом Кипур.

-На овој ден, кој е празник на проштевањето, упатувам искрени честитки со добри мисли и убави желби за здравје, благосостојба, семеен мир и радости. Но најмногу од сѐ, Ви посакувам длабоко во себе да го чувствувате мирот и спокојството кои ги носи проштевањето со себе. Човечкото битие не е совршено и понекогаш греши, меѓутоа човечката големина се гледа во проштевањето и ширењето на позитивните вредности како љубов, меѓусебно разбирање, почит и толеранција. Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, сакам да искажам почит кон еврејската заедница, која заедно со сите други заедници, значително придонесува во општествениот живот и развој на државата и во оваа убава празнична прилика, искажувам искрени желби за стабилна, напредна држава, дом на сите граѓани во кој е најважен добриот и квалитетен живот за сите, пишува Џафери во честитката.