Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

21

Првата пациентка заболена од коронавирусот денеска ќе биде испуштена од Инфективната клиника и ќе продолжи на домашно лекување, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.

„Сите луѓе кои со неа се возеле во автобусот и членовите од фамилијата со кои контактирала се тестирани и тие се негативни на коронавирусот“, рече Филипче во Утрински брифинг.

Министерот посочи и дека таа е тестирана за коронавирусот и била негативна, по што следувал уште еден, контролен тест, кој исто така бил негативен.

Во врска со првозаболената од Дебар, Филипче посочи дека таа е на респираторна машина и во моментов будно се следи нејзината состојба, бидејќи иако има подобрување на состојбата, тоа може да биде лажна слика.

Сподели