Прва жртва од коронавирусот во Хрватска

9

Познат угостител од Истра е првата жртва на коронавирусот во Хрватска. Станува збор за Антон Кернјус, сопственик на познат ресторан.

Вчера хрватските власти истакнале дека починал постар маж, но дека се чекаат резултатите за да се види дали имал коронавирус, по што резултатите покажале дека е позитивен на вирусот.

„Во текот на денот дошло до појава на симптоми. Веднаш му е сугерирана хоспитализација, но тој одбил. Во текот на вечерва дојде до влошување на ситуацијата, и личноста почина“, соопштиле вчера на прес-конференција од центарот за јавно здравје на Хрватска, а утринава е потврдено дека личноста имала коронавирус.