Првиот електричен комерцијален хидроавион полета во Канада (ВИДЕО)

3

Првиот електричен комерцијален хидроавион полета во Ванкувер, Канада, за „првпат во светот“ на авиоиндустријата како што велат операторите.

Шест патници учествуваа во краткиот тест-лет на Харбор Ер и Магникс. Двете компании соопштија дека ова е првиот чекор во изградбата на првата електрична флота во светот.

„Овој историски лет го означува почетокот на третата ера во авијацијата – електричната доба“, се вели во нивната изјава, пренесе Би-би-си.

Се работи за хидроавионот ДХЦ-2 Хавиленд Бивер со моќност од 750 коњски сили.