Првото видео од летот на Ingenuity на Марс

12

Американската вселенска агенција успешно го изведе летот на малиот беспилотен хеликоптер Ingenuity на Марс.

Хеликоптерот вчера успешно полета и беше контролиран од Земјата. Видеото е снимено од роверот Perseverance. Ова претставува историски момент бидејќи е првото летало испратено на друга планета, а коешто успешно полетало на неа.

НАСА вети уште авантуристички летови во наредните денови. Хеликоптерот на Марс се издигна на висина од околу 3 метри, лебдеше во воздух, се сврти и потоа слета на кратерот Језеро. Демонстрацијата од полетувањето до слетувањето траеше скоро 40 секунди.

Од помош е ниската сила на гравитацијата на Марс, но потребно е многу работа за да леталото се подигне од површината.

Контролата е автономна, оддалеченоста до Марс е околу 300 милиони километри, што значи дека на радиосигналите им се потребни неколку минути за да го минат меѓупросторот.