Прво па машко: Алиоски премиерлигашкото деби ќе го има против – најдобриот!

19

Утринава беше објавен распоредот на натпреварите за новата сезона во Премиерлигата, во која ќе настапува и тимот на Лидс на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, а кој уште на стартот доби можност да се проба со – најдобриот.

Противник на тимот на нашиот фудбалер на стартот од сезоната е актуелниот првак Ливерпул и тоа на легендарниот „Енфилд“. За Лидс ова ќе биде враќање на елитна сцена по пауза од дури 16 години.

Сезоната во Англија почнува на 12 септември и тоа со два натпревари помалку, тие на Манчестер јунајтед и Манчестер сити, кои добија подолг одмор поради настапите во Лига Европа односно Лигата на шампионите, каде што стигнаа до полуфиналето односно четвртфиналето.