Прв случај на коронавирус во Хрватска, хотел на Тенерифе под карантин

7

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, изјави дека првиот случај на коронавирус во неговата држава е регистриран во Загреб. Станува збор за млад човек, кој во периодот од 19-ти до 21-ви февруари престојувал во Милано. Тој е во добра состојба, тврдат хрватските власти.

Истовремено, хотел во Тенерифе, на шпанските Канарски острови е под карантин, откако кај еден италијански доктор било потврдено присуство на коронавирусот.

На околу 1000 гости во Хотелот Х 10 Адехе Палас им било кажано да останат во своите соби, додека се вршат медицинските тестови, потврдија шпанските медиуми.

Велат: користете маска, без контакти. Работи за кои сите зборуваат а тоа го има и на радио и телевизија.

Вие не се плашите?

Не, не се плашам. Мислам дека станува збор за обичен грип, тоа е се.

Најголем број случаи во Европа се регистрирани во Италија – 260, со 7 починати, присилувајќи ги властите да преземат драстични мерки преку викендот, во обид да го спречат ширењето на вирусот.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, закажа состанок на владините министри со регионалните гувернери, за да се усогласи координиран пристап за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во регионите Ломбардија и Венето, повеќе помали населени места се под мерки на изолација. Во наредните две недели, 50 000 луѓе нема да можат да ги

напушат овие места без дозвола.

Свесни сме за потешкотиите и жртвите кои ги бараме од вас, но овие жртви и потешкотии, кои за сега треба да траат 14 дена, јас верувам дека ќе се докаже дека се ефективен начин да се спречи ширењето на вирусот.

Најголема загриженост кај лекарите е дека вирусот, кој ја предизвикува респираторната болест Ковид-19, можеби го шират и луѓето кои се без симптоми или имаат многу благи симптоми, во држави кои немаат начин да ги дијагностицираат болните луѓе.

На глобално ниво, досега има повеќе од 80 000 луѓе заразени со коронавирусот, од кои најголем дел се во Кина – повеќе од 77 000, во Јужна Кореја 977 а во Јапонија 850. Во Иран, властите во Техеран потврдија дека позитивен резултат на тестот за коронавирусот е присутен и кај заменик министерот за здравство на оваа држава.

Процентот на болните луѓе кои умираат од вирусот е меѓу 1% и 2%, иако СЗО предупредува дека точната стапка на смртност се уште не може да се потврди.