Премиера на концертот за деца „Оловното војниче“ во Филхармонија

1

Филхармонијата денеска напладне премиерно ќе го изведе концертот за деца насловен „Оловното војниче“ на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент е Борјан Цанев, а наратор актерот Мартин Јордановски.

Концертот се темели на истоимената приказна од Ханс Кристијан Андерсен за љубовта помеѓу две играчки.

-Премиерната изведба на ова музичко дело од Филип Иванов инспирирано од фантастичниот наратив на Андерсен децата ќе ја проследат преку организирана посета од основните училишта, соопшти Филхармонијата.