Премиерот тврди дека граѓаните чуваат кај себе 1,5 милијарди евра: Ќе се бара начин да се инвестираат

138

Граѓаните имаат 1,5 милијарди евра кај себе и тие пари се надвор од финансиските текови и од финансискиот промет, тврди премиерот Зоран Заев. Тој синоќа изјави дека Владата е подготвена да отвори дебатата по што ќе се види кои се најдобрите услови и што да се направи овие пари да се трансформираат во инвестиции за дополнителен економски развој.

„Да се запрашаме дали ги користиме сите ресурси? Дали ги знаеме сите наши ресурси? Дали се максимално искористени? Владата отвори дебата со коморите, а отворив дебата и на една од седниците за важни теми кои треба да станат видливи, како што е темата на кој начин да се стават во функција 1,5 милијарди евра на граѓаните“, рече премиерот Заев во емисијата Економски магазин на Алсат М телевизија.