Преминот Евзони, без најава, повторно затворен за влез во Грција

15

Грчките погранични службеници денеска околу 12 часот повторно го затворија копнениот премин „Евзони“, објави МИА.

Од граничниот премин „Богородица“ ја потврдиле одлуката на нивните колеги од спротивната страна и само кажале дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.

Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.

За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.