ПРЕСТРЕЛКА ВО ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“: Полицаец пукал кон напаѓачите

28

За среќа нема повредени во оружениот инцидент кој се случил ноќеска во Скопје. Од полицијата велат дека триесетина минути после полноќ во полиција е пријавено дека имало пукање од огнено оружје во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, извести дека МВР.

Според пријавата, додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), И.Е. (25), Б.О. (35), И.К. (41) и Ќ.Љ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.

Тогаш Ќ.Љ., полициски службеник кој во моментот не бил на работа, со службениот пиштол испукал неколку куршуми кон напаѓачите, по што тие избегале.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.