Прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ кој е во официјална посета на Северна Македонија.
Пленковиќ беше пречекан со највисоки државни и воени почести од Ковачевски, по што имаа тет-а-тет средба.
Хрватскиот премиер ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.