Претреси на 16 локации во Прилеп, вчера приведени 6 лица – одземена дрога, вмешани и полициски службеници

66

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп биле спроведени низа оперативни акции при што приведени се 6 лица, а од почетокот на акцијата во септември минатата година, до денес вкупно приведени се 16 лица.

Вчера извршени се претреси на 16 локации во Прилеп, при што пронајдена е дрога, пари кои потекнувале од продажба на дрога, мобилни телефони, возила и други предмети поврзани со истрагата.

Сите лица ќе бидат предадени на јавното обвинителство, а подоцна изнесени и пред судија на претходна постапка.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски информираше дека имаат докази за вмешани полициски службеници во овие криминални групи и во иднина и за нив ќе бидат покренати пријави.