Претседателот Пендаровски најверојатно ќе прогласи вонредна состојба

15

За неколку часа, претседателот Стево Пендаровски најверојатно ќе прогласи вонредна состојба, дознава “Фокус” од доброупатени извори.

Како што дознаваме состанокот на Советот за безбедност се уште е во тек, но ставовите одат во насока на прогласување на вонредна состојба, поради состојбата со корона ворусот.

Воведувањето на вонредна состојба е според членот 125 од Уставот.

Пендаровски досега велеше дека негова лична оценка е дека, согласно денешната состојба, вонредна состојба не треба да биде воведена, но остави можност да се размислува и за таа опција во зависнот од новите информации.

Вонредна состојба во услови кога е распуштен парламентот прогласува преседателот на државата.