Приведени 27 лица поради непочитување на забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјави за самоизолација, дознава Алсат.

7

Од страна на полициски службеници извршени се 2.033 контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е констатирано дека еден од нив, во самоизолација, не бил во својот дом.

По однос на забраната за движење, во текот на 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 43 не ја почитувале забраната, при што приведени се 27 лица, опоменати се 5, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во државен карантин се спроведени 204 лица.