Принцот Ендру за прв пат се обрати во јавноста по минатогодишниот скандал: Почина дедото на нацијата

19

Деновиве Велика Британија, но и луѓето ширум светот се збогуваат од принцот Филип, кој почина на 9 април на 99-годишна возраст. Преку социјалните мрежи многумина му оддаваат последна почит, а од него се простија и неговите деца…

Откако на нивниот татко, принцот Филип, му оддадоа последна почит принцезата Ана, принцот Едвард, принцот Чарлс, се огласи и принцот Ендру.

61-годишниот Ендру го нарече својот покоен татко „дедо на нацијата“ и откри дека кралицата изјавила дека загубата на нејзиниот сопруг „оставила голема празнина во нејзиниот живот“.

„Кралицата е неверојатно храбра, но смртта на војводата од Единбург донесе тага во замокот Виндзор. Сега семејството е заедно и се поддржуваме во овие тешки моменти“, рекол принцот Ендру, пренесува „Daily Mail“.

Принцот Ендру додаде и дека ќе го памети својот татко како смирена личност и некој од кого секогаш можел да побара совет.

„Тој беше исклучителен човек, беше сакан и како татко и како сопруг, едноставно беше дедо на целата нација“, рече принцот, за кого ова беше негово прво појавување во јавноста по минатогодишниот скандал поради кој се повлече од кралските должности.