Пристигнаа над 10 илјади дози од „Фајзер“ од среда ќе се користат

5

Вкупно 10 530 дози од вакцината против ковид на „Фајзер“ попладнево пристигнаа во земјава.

Како што информира Министерствот за здравство, првата пратка од вакцината „Фајзер“, е обезбедена cо директни преговори со овој производител.

„Станува збор за 10 530 дози од вакцината ‘Фајзер’, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација“, велат од Министерството.