Притвор за дадилката која тепаше двегодишно дете

11

Судот денеска ѝ одреди 30 дена притвор на дадилката осомничена за зашуштање и малтретирање дете. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Снимките како осомничената малтретира дете во игротека во Скопје вчера беа објавени во јавноста. Таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години“, соопшти попладнево Јавното обвинителство.