Проблеми во „рајот“: Нејмар се искара со соиграч за време на мечот против Манчестер сити 

9

Пари Сен Жермен вчеравечер изгуби од Манчестер сити со 2:1 и со тоа ги загуби шансите за првото место во групата.

Иако Светците поведоа со голот на Мбапе, следуваше пресврт од страна на домашниот тим преку Стерлинг и Габриел Жезус.

Сепак, интересен момент беше доловен од камерите при крајот на првиот дел.

Нејмар ја имаше топката во своите нозе, потоа ја загуби, а ваквиот потег го изнервира Леандро Паредес, кој влезе во расправија со Бразилецот.

Очигледно е дека во ПСЖ има некои превирања меѓу фудбалерите бидејќи ова се случува на неколку средби сезонава.

Покетино мора да најде начин да ги смири работите бидејќи ако не го стори тоа, работите може да му побегнат од контрола.