Проблеми за НБА и УЕФА: Расте бројот на заразени на Флорида и во Лисабон!

21

Проблеми за водечките луѓе на НБА и УЕФА. Имено познато е дека одлучено е завршницата во најквалитетна кошаркарска лига во светот и Лигата на Шампионите во фудбал во Европа, треба да се играат во август на Флорида и во Лисабон, но од таму доаѓаа лоши вести. Имено и на Флорида и во главниот град на Португалија, расте бројот на заразени со Ковид-19, пандемијата беснее и таму. Вчера трет ден по ред Флорида урива рекорди, само вчера беа пријавени 4.049 заразени од коронавирусот. Се разбира дека веднаш се запалија “црвените светилки“ кај првите луѓе на НБА. Останува да се надеваме дека тој тренд на заразени ќе се намали и сепак ќе се одржи завршница во НБА шампионатот.

Од Лисабон (Португалија), каде треба да се даде првакот на Европа во фудбал за сезоната 2019/2020, исто така доаѓаат лоши вести. Имено таму веќе неколку денови на заразени не се спушта под 300,што е премногу ако се знае дека во првиот бран на Ковид-19 Португалија и Лисабон минаа добро за разлика од останатите земји, како соседната Шпанија на пример.