Проблем со НАТО за грчкиот „радар“

28

Скопје, 25 октомври – Техничкиот аранжман за заштита на македонското небо помеѓу Република Грција и Северна Македонија, на место Преседателот, Премиерот или Министерот за одбрана, со владина одлука го потпишал началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, Васко Ѓурчиновски, во име на Министерството за одбрана, пишува во утрешниот број весникот КОХА. Но, според начелата на НАТО, такви договори потпишуват само цивлни преставници на државите, а не војни лица. Како штп дознава КОХА од дипломатски извори договорот како што е потпишен, нема да се прифати од правните служби во НАТО и истиот ќе биде вратен за сответно да биде потпишан.

Од Владата за КОХА велат дека е постапено според начелата на НАТО, потпишувајќи текнички договор со земја членка на НАТО. Додека од Министерството за Одбрана нагласиле дека  Техничкиот аранжман за заштита на македонското небо помеѓу Република Грција и Северна Македонија е потпишан согласно предвидените процедури за потпишување на ваков тип на меѓународни договори.

“Претставниците на НАТО беа запознаени со процесот кој доведе до потпишување на Техничкиот аранжман, а по неговото потпишување истиот им беше доставен. Потписниците на Техничкиот аранжман се Началници на Генералштабови од двете држави. За потпишување на Техничкиот аранжман има одлука на Владата на Република Северна Македонија. Со заклучокот донесен на 155 седница одржана на 24.09.2019 година, Владата го овласти Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија Васко Ѓурчиновски, во име на Министерството за одбрана да го потпише Техничкиот аранжман. Не е невообичаено воени претставници да потпишат ваков аранжман”, изјавија од Министерството за Одбрана за КОХА.