Прогласена тридневна жалост во Тетово

9

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи изрази сочувство до сите граѓани на Тетово денеска на прес-конференција во општината.

Таа информираше дека прогласена е тридневна жалост во Тетово.

-Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост, и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од енергентниот фонд што го имаме како општина Тетово ќе интервенираме до тие семејства, рече Теута.