Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава

5

За два дена се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 и новиот краен рок е 27 јануари (петок).

– Со оглед  на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува за два работни дена согласно Законот за даночна постапка, информира во соопштение Управата за јавни приходи.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, појаснуваат од УЈП, е 25.01.2023 и се продолжува за два работни дена, односно краен рок ќе се смета 27.01.2023.

Вкупниот број на ДДВ обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава изнесува 39.588. До денеска  до 13:30 часот се  поднесени 31.640  ДДВ пријави, а бројот на неподнесени ДДВ пријави изнесува 7.948