Продолжуваат протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Попладнево со автомобили низ 11 градови

12

Со протест во 11 града попладнево продолжуваат активностите во организација на ВМРО-ДПМНЕ за изразување на незадоволство од работата на актуелната владеачка гарнитура и особено изнесените ставови на премиерот Зоран Заев во неодамнешното интервју за БГНЕС.

– Заедно со народот продолжуваме против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Заев не е заеднички. Да не дозволиме да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. Протест сега, за да не биде предоцна, напиша лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук налог.

Денеска, со почеток во 18 часот, се најавени протести во Струга, во Гостивар, во Кичево, во Македонски Брод, во Крушево, во Крива Паланка, во Кратово, во Свети Николе, во Неготино, во Струмица и во Гевгелија.