Продолжува порастот на бројот на заболени од Ковид-19 во Германија

13

Во Германија се регистрирани 1.147 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 214.241, покажуваат податоците објавени денес.

Ова е зголемување на бројот на заразени во однос на претходниот ден кога се регистрирани 1.045 пациенти, што е првпат за три месеци бројот на ново заразени да надмине 1.000.

Бројот на починати денес се зголеми за осум, на 9.183, според податоците на Институтот „Роберт Кох“, пренесува Ројтерс.