Проектот „Отворен кабинет“ на Министерството за внатрешни работи, во рамки на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, продолжува денеска во просториите на СВР Велес.

2

Со проектот „Отворен кабинет“ се опфатени секторите за внатрешни работи, директно или преку посети на нивните одделенија.

Од МВР информираат дека граѓаните од ова подрачје можат на телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на [email protected], да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи да го презентирате вашето размислување, идеја или предлог, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.

-Заеднички уште еднаш да покажеме дека соработката меѓу полицијата и заедницата е суштинска за поголема безбедност на граѓаните, дека мислењето на секој граѓанин е значајно и да продолжиме со продлабочување на нашата определба – полицијата во служба на граѓаните, наведуваат во соопштението од МВР.