Производите од „Купувам домашно“ мора да бидат на посебен рафт или со ознака

Македонските производи за продажба на лицата корисници домашната платежна картичка треба да бидат изложени на посебни рафтови или гонфдоли или со видна ознака/етикета/налепница „КУПУВАМ ДОМАШНО” заради нивно лесно препознавање.

93

Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, донесени на вчерашната владина седница.

„Согласно Уредбата, за прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи со текст ‘промет од македонски производи’, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи“, се вели во владиното соопштение.

Со уредбата исто така се регулира и онлајн продажбата на овие производи, така што тие мора посебно да се издвојат и да се означат со видна ознака/стикер „КУПУВАМ ДОМАШНО”, и да се постави известување на видно место на насловната страна на интернет страницата, како и на страницата за плаќање, со кое ќе се известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги кои се означени со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО”.