Промаши пенал, се повреди, па откри дека е ограбен

4

Реал вчера се спаси од пораз против Елче. Едер Милитао во 92.минута постигна гол за 2:2. Вечерашниот ден што е можно побргу ќе се обиде да го заборави Карим Бензема.

Најдобриот играч и стрелец на Реал, во 33.минута, при резултат 0:0, промаши пенал, а 20 минути подоцна поради повреда на бутниот мускул беше заменет. Целосен шок, Бензема доживеал кога се вратил во својот дом, сватил дека бил ограбен.

Среќа во несреќата е што во моментот кога се одвивала кражбата, во домот немало никој.

Не е познато колкава штета претрпел фудбалерот на Реал.