Промоција на книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик“ од Зеќир Рамчиловиќ

10

Во рамки на манифестацијата „Штипско културно лето” ќе се одржи и промоцијата на книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик” од авторот Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ од Институтот за национална историја и актуелен пратеник во Собранието на Македонија.

Промоцијата ќе се одржи денеска во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип со почеток во 20.00 часот.

Промотор е академикот проф. д-р Драги Ѓоргиев, а модератор на трибината е османистот и турколог Драган Читкушев.

Книгата е во издание на здружението Диван од Скопје.