Промоција на книгата „Кинематографијата на другата Европа“ на Дина Јорданова во Кинотека

0

Во просториите на Кинотеката денеска, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Кинематографијата на другата Европа“ на Дина Јорданова и на списанието „Кинопис“ број 61.

Промотори на обете изданија на Кинотеката ќе бидат филмскииот режисер и проучувач на филмот Саша Станишиќ и филмски режисер и автор Јане Алтипармаков.

На промоцијата ќе ѝ биде доделена и Плакета на Илинденка Петрушева, доајен на филмската мисла и критика кај нас, по повод нејзиното прогласување за почесен уредник на списанието „Кинопис“.