Промоција на книга за Ацо Шопов во Штип

11

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Фондацијата „Ацо Шопов“ денеска напладне во Тренинг центарот на УГД организираат промоција на книгата „Од онаа страна на небиднината: Разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“. Автор на книгата е Иван Антоновски, а објавена е од издавачката куќа „Дијалог“.

На промоцијата ќе се обратат деканката на Филолошкиот факултет на УГД, Луси Караниколова-Чочоровска, проректорот за настава на УГД Мишко Џидров, проф. Весна Мојсова-Чепишевска, градоначалникот на Штип Иван Јорданов и ќерката на поетот Ацо Шопов – Јасмина Шопова.

-На овој настан ќе бидат присутни повеќе членови на неговото семејство кои воедно се грижат за сочувување и промоција на делото на Ацо Шопов, соопшти Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.